Home Шоубизнис Деми Ловато пронајдена без свест – постојат сомнежи дека се предозирала

Деми Ловато пронајдена без свест – постојат сомнежи дека се предозирала

Славната пејачка Деми Ловато била пронајдена онесвестена во нејзиниот дом на Холивуд Хилс, по што била хоспитализирана, пренесува TMZ.

Деми била пронајдена од страна на нејзина пријателка, која повикала брза помош, по што Деми била транспортирана во болница во Лос Анџелес.

Додека се шпекулираше дека се работи за предозирање со хероин, нејзините блиски го негираа фактот за користење било какви нелегални супстанци.

Сепак, во болничкиот третман на Деми бил користен Наркан, лек кој се користи за да ги блокира ефектите на опојните средства.

Деми Ловато 6 години тврдеше дека е чиста од било какви супстанци, по нејзината битка со зависност од кокаин и окситоцин. Откажан е и нејзиниот настап во Атлантик Сити кој требаше да се одржи во четврток.

Додека сме во исчекување на повеќе официјални информации, погледнете го документарецот Simply Complicated, во кој Деми отворено зборува за своите зависности откако првпат пробала кокаин на 17 години:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…