Home Шоубизнис Славната Летиција Каста доаѓа во Македонија – ќе снима филм во Битола

Славната Летиција Каста доаѓа во Македонија – ќе снима филм во Битола

Француската актерка и Victoria’s Secret модел Лeтиција Каста доаѓа во Македонија за да снима филм битолската околина.

Од 20 јули до 24 август во неколку битолски села ќе се снима швајцарско-францускиот „Зад хоризонтот“ (Le Milieu de l’horizon) на режисерката Делфин Леерисе.

Латиција Каста со години ги краси насловните страници на светските списанија. Има снимено повеќе од 20 играни филма, меѓу кои: „Гензбур“, „Астерикс и Обеликс“, „Утрата што пеат“, „Французинки“, „Зад ѕидовите“. Светот ја знае и како модел на Victoria’s Secret.

Македонија не е копродуцент во филмот, но ги нуди услугите за снимање. Продуцентите Box productions од Швајцарија и Entre chien et loup од Франција ќе ги користат поволностите од Законот за филмска дејност, во делот на поврат на финансиски средства кои не се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

Носител на филмскиот сервис е „Кино око“ од Скопје. Продуцентот Роберт Насков ни објасни дека овие копродуценти ќе можат да повратат 20 отсто од сумата што ќе ја вложат за т.н. квалификувани трошоци.
Филмот е поддржан од „Еуримаж“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …