Home Актуелно Какво време носи оваа среда?

Какво време носи оваа среда?

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 27 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со мала до умерена облачност и услови за појава на краткотраен дожд и грмежи попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до  32 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време кога од попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…