Home Актуелно Физички нападнати полицајци во Скопје, едно лице приведено

Физички нападнати полицајци во Скопје, едно лице приведено

Во текот на вчерашниот ден во 19:30 часот по претходна пријава од Н.Џ.(49) во Секторот за внатрешни работи Скопје за нарушен јавен ред и мир на улицата „Кипарска“ од страна на нејзиниот брат Ѓ.Џ. (41) на местото на настанот биле упатени двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир.

Како што информираат од МВР, откако дошле Ѓ.Џ. почнал да им упатува пцовки, навреди и закани на полициските службеници и во еден момент физички ги нападнал, по што Ѓ.Џ. веднаш бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…