Вторничка временска прогноза – дожд и променливо време


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес ќе имаме променливо облачно време со повремен локален дожд, а во јужните делови се очекуваат пообилни врнежи.

Ќе дува умерен североисточен ветер, кој во западните и североисточните делови ќе се засилува. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а максималните од 17 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен североисточен ветер и со повремен локален дожд претпладне.

Под влијание на циклонска активност до четврток времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд. Најобилни врнежите ќе бидат во јужните и југоисточните делови, каде од целиот бран на повеќе места се очекува да наврнат над 50 л/м2, а локално и над 75 л/м2 дожд. Од петок времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура.