Home Шоубизнис Жешката Коко го „запали“ Загреб

Жешката Коко го „запали“ Загреб

Американската старлета и шоу водителка Коко Т пристигна во Загреб со сопругот Ајс Ти на неговиот концерт со групата Body Count во Бочарски дом.

Коко пред концертот времето го помина на детското игралиште преку улица од Бочарски дом, со ќеркичката Шанел.

Ден пред Загреб Body Count имаа концерт во Белград, од каде Коко се пофали на Инстаграм бидејќи нејзините дедо и баба по мајка се со српско потекло.

A post shared by Coco (@coco) on

„Сестра ми и јас најпосле успеавме да ги видиме нашите српск корени (моите баба и дедо по мајка беа од Југославија). Го разгледавме градо…Ми требаа 39 години за да дојдам тука и беше неверојатно иако во Белград имав да прошетам само еден ден. Вредеше“, напиша Коко покрај фотографијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…