Home Актуелно Извештај на Стејт Департмент: Нашите комшии „лидери“ во перење пари

Извештај на Стејт Департмент: Нашите комшии „лидери“ во перење пари

Албанија и понатаму котира на неблагородното прво место во листата со држава за перење пари, се наведува во најновиот извештај на Стејт департментот.

Во извештајот за 2017 се констатира дека Албанија и понатаму е во значителен ризик од перење пари, голема корупција и слаби институции.

Како главни извори на „валканите пари“ се наведува трговијата со дрога, затајувањето данок, шверцот и трговијата со луѓе.

„Изградбата, особено во крајбрежните области, бизнис проектите и коцкарниците се најпопуларните методи за перење пари во Албанија“, се вели во извештајот на американското министерство за надворешни работи.

Се констатира дека албанските институции не се ефикасни во борбата против перењето пари, па парите лесно се перат.

Албанија, како што се наведува, се вратила на „црната листа“ на земји во кои е забележан пораст на трговијата со дрога и економски криминал, а Стејт департментот ја повика официјална Тирана да ја зајакне борбата против перењето пари и незаконското одземање имот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…