Home Актуелно Јајцата „под лупа“ пред Велигден

Јајцата „под лупа“ пред Велигден

Инспекциските служби ја засилија контролата за безбедност и квалитет на јајцата пред Велигден и останатите претстојни празници.

Во рамки на инспекциските контроли „под лупа“ се магацините и граничните премини, а секоја недоследност во односна квалитетот на јајцата, граѓаните и компаниите можат да го пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одгледувачите на живина, пак, побарале инспекторите при контрола на увозот, особено да обрнат внимание дали јајцата го имаат кодот на државата од каде што потекнуваат, за да се спречи можноста од манипулации, на домашниот пазар да се пласираат јајца од увоз како производ од македонско потекло.

Во 2018-та година се увезени вкупно 240.000 јајца од Србија, од кои како небезбедни, поради не соодветно означување на рокот на употреба се уништени 16.000.

Освен јајцата, се контролира и увозот на бои за јајца. Досега не се евидентирани отстапувања во однос на безбедноста на увезените прехранбени бои, но Агенцијата за храна препорачува граѓаните да купуваат боја исклучиво од регистрирани производител и увозници, која е соодветно означена и декларирана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…