Home Актуелно Во Скопје се руши барокната фасада на ТЦЦ „Плаза“ – од општината не знаат ништо

Во Скопје се руши барокната фасада на ТЦЦ „Плаза“ – од општината не знаат ништо

Од Град Скопје велат дека тие не дале никаков налог на инвеститорот за промена на фасадата. Зошто се урива фасадата на објектот не знаат ниту од Општина Центар.

„Немаме издадено никакво решение за уривање. Најверојатно инвеститорот сам одлучил за некакви промени. За овој објект дозволата за градба е издадена во 2016 година и поради тоа не е опфатен со одлуката за мораториум“ – вели Саша Богдановиќ градоначалник на општина Центар.

Од ТЦЦ Плаза не добивме одговор зошто се урива фасадата. Оттаму ни рекоа дека лицето задолжено за односи со јавност е на состанок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…