Home Актуелно Бившите членови на ДИК уште една година „ќе кркаат“ по 1.000 евра месечно

Бившите членови на ДИК уште една година „ќе кркаат“ по 1.000 евра месечно

Чичаковски и останатите бивши членови на ДИК ќе земаат апанажа во период од една година после нивните оставки од комисијата.

Одобрено им е барањето на петмина поранешните членови на Државната изборна комисија, вклучувајќи го и претседателот, Александар Чичаковски, кои побараа апанажа откако си поднесоа оставки. Комисијата за избори и именувања на денешната седница одлучи да го прифати нивното барање.

Апанажа во траење од една година, освен на Чичаковски, ќе им се исплаќа и на членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев, на Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Субхи Јакупи од ДУИ. Тоа значи дека уште една година ќе добиваат државни плати од над илјада евра.

Другите тројца членови – Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Сашо Срцев кои поднесоа оставка не побарале апанажа, бидејќи се враќаат на претходните работни места.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…