Home Актуелно Проблем со водата во прилепско: Не смее да се користи од четири места!

Проблем со водата во прилепско: Не смее да се користи од четири места!

Од Центар за јавно здравје во Прилеп, информираат дека по направените анализи не е исправна водата за пиење на четири мерни места во четири села. Во селото Волково и во Мало Рувци не е исправна водата за пиење во приватни два објекта, а во Чумово и Прилепец според извршените анализи, водата која што тече од јавните чешми, не смее да се користи за пиење. Медицинските стручњаци препорачуваат водата од овие мерни места, задолжително да се преврива најмалку 10 минути пред употреба.

Општина Прилеп во четирите населени места, денеска ќе достави известувања според препораките на Центарот за јавно здравје, со цел да се превенираат несакани последици по здравјето на жителите.

Граѓаните треба да ги почитуваат препораките, до следното известување од Центарот за јавно здравје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…