Home Вебкафе Робот му упадна во говорот на министерот: „Зборувај поспоро, не разбирам за што зборуваш“ (видео)

Робот му упадна во говорот на министерот: „Зборувај поспоро, не разбирам за што зборуваш“ (видео)

Робот висок 93 центиметри и програмиран со вештачка интелегенција го прекинуваше говорот на турскиот министер, а поради тоа мораше да биде отстранет од сцената.

„Зборувај поспоро, не разбирам за што зборуваш“ упадна роботот Санбот во зборот на министерот за комуникации Ахмет Арслан за време на неговиот говор за сигурноста на интернетот.

Министерот најпрво се смееше, но Санбот не се откажуваше.

„За што зборуваш“ го праша роботот кога министерот продолжи со говорот.

„Изгледа некој треба да го стави под контрола роботот“ рече Арслан.

„Ве молам, направете како што треба“ вели министерот.

Видео снимката за инцидентот кружи на Твитер и се емитува на локалната телевизија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

5 необични начини да се разладиш летово

Многумина луѓе имаат само една работа што им го нарушува уживањето во летниот период: врел…