Home Вебкафе Градинар од пеколот: Убивал хомосексуалци, ги сецкал и закопувал во саксии

Градинар од пеколот: Убивал хомосексуалци, ги сецкал и закопувал во саксии

Канадските полициски служби излегоа со соопштение дека открила остатоци од најмалку шест луѓе во саксии и темели на куќа во северниот дел на Торонто. Куќата и имотот биле сопственост на 66-годишен маж, кој работи како градинар, кој сега е обвинет за серија убиства.

Брус Мекартур бил уапсен минатиот месец и обвинет за убиства на пет мажи кои исчезнале пред неколку години во кварт на Торонто кој со децении е собиралиште на градската хомосексуална заедница.

Полицијата го нарече Мекартур сериски убиец, но е предмет на критики во канадската јавност бидејќи во месеците кога исчезнувале мажите не ја објавила информацијата дека некој ја напаѓа хомосексуалната заедница.

Сѐ уште трае пребарувањето на куќата како и друг имот во потрага по остатоци од тела, и се очекуваат уште обвиненија и можни жртви.

До сега е иденетификувана една жртва, 49-годишниот Ендрју Кинсман, соопшти детективот на полицијата на Торонти Хенк Идсинга на конференција за новинарите пред куќата во која се најдени остатоците. Потрагата по остатоците е отежната поради смрзната земја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…