Home Вебкафе Циркус на аеродром: Сакала во авионот да го внесе нејзиниот паун!

Циркус на аеродром: Сакала во авионот да го внесе нејзиниот паун!

На една патничка неодамна и беше забрането во авион од Јунајтед Ерлајнс да го внесе својот голем паун, птицата за која вели дека и е емоционална поддршка.

Се понудила да купи и посебна авионска карта за паунот, но авионската компанија сепак одби да издаде билет за авионот во Њу Џерси.

Фотографии од птицата и сопственичката се појавија на едно шоу за патување. На фотографиите се гледа како паунот стои на куферот, а останатите патници шокирани го гледаат. Паунот наводно се вика Декстер.

Некои авионски компании им допуштаат на патниците со емоционални или психички проблеми со себе да ги носат животните кои им служат како терапија. Но бројот на такви животни во последно време значително се зголеми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…