Home Актуелно Едно бебе загина, 17 повредени – маж со автомобил влета во пешаци во Рио (видео)

Едно бебе загина, 17 повредени – маж со автомобил влета во пешаци во Рио (видео)

Едно загинато бебе и 17 повредени лица е билансот од несреќата во која маж со неговиот автомобил влета во пешаци на тротоар, блиску до популарната плажа Копакабана во Рио де Женеиро.

„Возачот ја загубил контролата врз автомобилот, се качил на тротоар и удрил во група пешаци“, соопшти локалната полиција.

Здравствените власти во Рио де Женеиро наведоа дека при несреќата загинало едно деветмесечно бебе, како и дека 17 лица се повредени.

Полицијата ја исклучи можноста дека станува збор за терористички напад.

Возачот посочи дека добил епилептичен напад и дека при тоа ја загубил контролата врз возилот. Локалната полиција во неговиот автомобил пронашла лекарства за епилепсија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Еден прегратка од 20 секунди – мал ритуал што може да го промени расположението, денот, па дури и животот

Во свет кој секојдневно забрзува, каде што емоциите често се туркаат под тепихот на обврск…