Home Шоубизнис Ерик Клептон: Наскоро би можело да оглувам и да не можам да ги користам рацете

Ерик Клептон: Наскоро би можело да оглувам и да не можам да ги користам рацете

Легендарниот музичар Ерик Клептон изјави дека е загрижен дека би можело да се откажи од концерти. Причина за тоа е невропатија, која е последица на оштетени нерви, а предизвикува слабост и болка во рацете.

Освен тоа тој боледувал и од тинитус т.е зуење во ушите, што би можело да доведе и до губење на слухот.

„Се гришам дека наскоро ќе оглувам и нема да можам да ги користам рацете“, откри Клептон. Исто така тој би морал да го ограничи и бројот на концерти.

Ерик Клептон вели дека се помирил со фактот дека состојбата нема да му се подобри, тој започнал со размислување за повлекување од сцена.

„Едноставно не би сакал да се посрамотам пред луѓето кои ме ценат и сакаат. Ако дојде до најлошото, секогаш ќе ми остани како опција студиската работа“, заклучува Клептон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кејт Мидлтон во зелен капут и кралски брош: Симболиката зад изгледот за пречекот на оманскиот султан

На свечениот пречек на оманскиот султан Хајтам бин Тарик, Кејт Мидлтон избра зелен капут ш…