Home Актуелно НЕВЕРОЈАТНО: Германија им плаќа на жителите за да трошат струја!

НЕВЕРОЈАТНО: Германија им плаќа на жителите за да трошат струја!

Многу Германци празниците ги поминаа на отворено, надвор од своите куќи, на скијање или плажите во странство, а поголем број од фабриките не работеја. Поради сето ова побарувачката за струја паднала, а производството, истовремено било големо.

Експертите објаснуваат дека исклучувањето на системот за производство е поскапо отколку трошењето на струја.
Ова не е невообичаено за држави кои забрзано ги развиваат обновлилвите извори на енергија, а Германија во изминатите неколку децении вложила околу 200 милијарди евра, најмногу во енергија на ветер и сонце.

Проблемот е во тоа што технологијата на експлоатација на обновливи избори се равива многу побрзо од технологијата на нивно складирање која претставува слаба карика.

Бројни експерти предупредуваат дека проблемот со складирање енергија нема лесно да се реши во неколку наредни децении.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…