Home Актуелно Повеќе е борч: Еве што поседува новиот претседател на Кривичен, Иван Џолев

Повеќе е борч: Еве што поседува новиот претседател на Кривичен, Иван Џолев

За разлика од неговиот претходник судијата Владимир Панчевски, кој располага со огромен недвижен имот, девет стана и една куќа, градежни земјишта и над 3 милиони денари во банкарски сефови, новиот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, е без имот и со долг за кредит.

Поточно, според анкетниот лист на судијата Џолев, доставен до Државната комисија за спречување на корупција, новиот претседател поседува само еден автомобил „мицубиши лансер“, купен во 2009 година, а за кој навел дека го добил како подарок.

Новиот претседател на свое име нема пријавено ниту стан или куќа. Посочил дека има заем од 13.800 евра и кредит од 3.000 евра. На својата и платежната картичка на сопругата, пак, пријавил мала сума на пари, од 21.000 и 15.000 денари.

Сега, откако стапи на функцијата претседател на Основниот суд Скопје 1, Џолев, ќе мора да поднесе нов анкентен лист за својата имотна состојба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…