Home Актуелно Пет тона храна за социјално загрозените граѓани обезбеди акцијата „Нахрани 1.000“

Пет тона храна за социјално загрозените граѓани обезбеди акцијата „Нахрани 1.000“

Пет тони храна или повеќе од 16.000 оброци за граѓаните од социјално ранливи категории беа собрани во еднодневната акција „Нахрани 1000”.

Во акцијата што се одржа по повод Светскиот ден на сиромаштијата, 17 октомври, се вклучија повеќе од 1.000 граѓани и 16 компании. Целта беше подигање на општествената свест за донирање храна на лицата на кои им е најпотребна.

Зад „Нахрани 1000” застанаа граѓанската иницијатива „Мрдни со Прст”, Црвениот крст на Град Скопје, организацијата „Ајде Македонија”, Здружението на граѓани за помош на бездомници и загрозени семејства „Љубезност”, Сојузот на извидници на РМ и организацијата „АДРА”.

Конзервирана и нерасиплива храна се собираше на пет штандови во центарот на Скопје. Акцијата наиде на огромен одзив кај граѓаните, бизнис заедницата и вработените од 16 компании во Скопје.

– Со ова се потврдува потребата од почесто организирање вакви настани, но и можно претворање на оваа акција во традиционален годишен настан, бидејќи граѓаните од ранливите категории секојдневно се соочуваат со недостиг на храна, велат организаторите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…