Home Актуелно Се бара работник повеќе: Шведска има дефицит од 80.000 работници

Се бара работник повеќе: Шведска има дефицит од 80.000 работници

Недостигот на работна сила би можел да го блокира економскиот раст на Шведска, предупредуваат аналитичарите, а ситуацијата не успеа да ја подобри ниту миграцискиот бран, кој ја зафати земјата пред две години.

Според истражување на Конфедерацијата на шведски претприемачи, чиј број е над 60.000, 75 отсто од ангажираните фирми имаат проблем да најдат висококвалитетен кандидат.

„Недостигот на работници во моментов е многу висок и стана многу акутен во многу области“, изјави Торбјорн Халдин, економист од здружението.

Според податоците на шведскиот пазар, бројот на огласи за работа за невработените во моментов е највисок од 2000 година, а 12 од 15 сектори страдаат од недостаток на работна сила.

Најтешката ситуација е во градежништвото, образованието, ИТ секторот и здравството.

Единствените сектори во кои има доволно работници се администрацијата и правото, потоа продажбата и маркетингот, медиумите и дизајнот.

Само во август, 78.000 слободни работни места останаа непополнети, девет отсто повеќе од лани, а дури 41 отсто повеќе од пред две години, пишуваат шведските медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…