Home Живот и здравје Педијатрите порачуваат: Родители, стимулирајте ги бебињата да лазат

Педијатрите порачуваат: Родители, стимулирајте ги бебињата да лазат

Родителите треба да ги поттикнуваат децата да лазат, бидејќи времето кога бебето почнува со лазење, начинот на кој го прави тоа и колку долго го прави, дава специфичен увид како е организиран неговиот мозок.

На шест месеци возраст бебето треба да почне да се обидува да лази. Но, можно е во следните три месеци да не научи да лази.

Педијатрите наведуваат дека некои бебиња никогаш не лазат во права смисла на зборот односно само едната нога ја движат, а другата ја влечат.

Има и бебиња кои едноставно ја прескокнуваат фазата на лазење и веднаш почнуваат со одење, но лазењето има позитивни страни. Лазењето им помага на бебињата да ги зајакнат нозето за подоцнешното одење, но и помага во подоцнежното учење.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Дали сексот може да го забрза доаѓањето на менструацијата? Еве што навистина велат стручњаците

Веројатно не постои жена која барем еднаш не се изненадила кога по сексуален однос забележ…