Home Актуелно Казна за лекарката на чија смена на Гинекологија починаа четири новороденчиња

Казна за лекарката на чија смена на Гинекологија починаа четири новороденчиња

Докторката од Клиниката за гинекологија и акушерство која пред околу три недели била дежурна ноќта кога четири новороденчиња починаа во таа јавна здравствена установа, шест месеци ќе зема 30 отсто помала плата и ќе работи само прва смена под надзор на колеги. Ќе и биде одземена и субспецијализацијата за неонатологија.

Ова е одлуката на дисциплинската комисија за која денеска информираа од комисијата, а е прифатена од страна на директорката на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска.

„Ја прифатив одлуката на дисциплинската комисија со која се согласувам. Одлуката на дисциплинската комисија е дека докторката е казнета парично максимално и одземена и е субспецијализацијата во тој период. Овие шест месеци, додека е казнета, ќе работи само од изутрина, под надзор на колеги и нема право да дежура во некоја друга установа. Ова е конечна одлука“, изјави Јовановска.

Членот на дисциплинската комисија, Сашо Стојчевски рече дека одлучиле со мнозинство гласови да се прифати оваа казна која е практично заснована на статутот на Клиниката за гинекологија и акушерство и Законот за здравствена заштита.

Посочи дека не била утврдена стручна одговорност кај докторката од посебната комисија на Министерството за здравство која ги испитувала сите случаи на четирите смртни случаи на новороденчиња.

„Стручна одговорност кај докторката нема и одлуката се темелеше само на дисциплинската одговорност. Прекршокот е утврден, казната е доставена согласно прописите и законот. Сметаме дека ова би требало да биде соодветна казна на колешката која го има направено овој дисциплински пропуст, односно прекршок“, додаде Стојчевски.

Од Клиниката информираат дека додека била на дежурство докторката направила два прекршока: го напуштила работното место без да побара замена и не се појавила на породување со царски рез.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…