Home Актуелно ВМРО ДПМНЕ бара разрешување на сите членови на ДИК кои имаат судир на интереси

ВМРО ДПМНЕ бара разрешување на сите членови на ДИК кои имаат судир на интереси

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ бараат од Државната изборна комисија и Александар Чичаковски, сите оние кои се дел од ДИК, а имаат судир на интереси веднаш да бидат разрешени.

„Веднаш треба да биде разрешен генералниот секретар на ДИК Добре Јанчев, кој што е сопруг на Љубица Јанчева која е втора на советничката листа на СДСМ за Град Скопје“, порача Невенка Стаменковска од ДПМНЕ.

Според неа, Јанчев наместо непристрасно да работи за спроведување фер и демократски избори, со секоја одлука ќе работи во интерес на својата сопруга и СДСМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…