Над 380 нови животински и растителни видови откриени во дивината на Амазон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во извештајот на Светската фондација за природа (ВВФ) и Бразилскиот институт за одржлив развој се наведува дека во Амазон се откриени 381 нов вид растенија и животни, односно по еден нов вид на секои два дена.

Авторите на извештајот предупредуваат дека речиси сите нови видови растенија и животни се наоѓаат во подрачја загрозени од човечки активности, а како најголема закана ја посочуваат сечата на шумите.

Амазонската прашума е најголема на светот и позната е по огромниот биодиверзитет, од 1999 до 2015 откриени се повеќе од 2.000 видови.