Home Актуелно Десет сообраќајки и седуммина повредени во еден ден во Скопје

Десет сообраќајки и седуммина повредени во еден ден во Скопје

Седум лица се полесно повредени во шест од десет евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Четири сообраќајки се со последица материјална штета.

Во текот на изминатиот ден полицијата открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои, за двајца возачи под дејство на алкохол кои ги исклучила од сообраќај, 13 кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на двизење, 13 без возачка дозвола односно нерегистрирани, шестмина кои не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон, а 56 за непрописно паркирани возила.

Санкционирани се 23 пешаци и четворица возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои стори прекршоци по разни основи.

Во однос на непрописно паркираните возила со помош на специјалното возило отстранети се 61 возило.

Од СВР Скопје информираат дека денеска ќе одржат сообраќајна поука во просториите на полициската станица „Гази Баба”, со почеток во 19 часот за учесници во сообраќајот кои кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…