20 години од смртта на култната Лејди Ди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Велика Британија денеска одбележува 20 години од трагичната смрт на принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во Париз 1997 година, која се случи ноќта меѓу 30 и 31 август во уличен тунел во Париз, бегајќи од папараците. Две децении подоцна, смртта на како што ја нарекуваа „Кралицата на срцата“ и натаму има многу непознати и предизвикува многу контроверзи, кои одат до таму што ги вклучуваат и британсиките разузнавачки служби, па дури и кралското семејство.

Нејзини почитувачи и обожаватели утринава оставаат цвеќе, фотографии и лични пораки пред капијата на Кенсингтонската палата.

„Членовите на британското кралско семејство вклучувајќи ја и кралицата Елизабета Втора не планираат да учествуваат во каков било јавен комеморативен настан за одбележување на годишнината од смртта на принцезата“, изјави претставник на Бакингемскта палата.

Сепак, принцовите Вилијам и Хари вчера ја посетија Белата градина, меморијален центар посветен на нивната мајка, принцезата Дијана. Ним во прошетката по Белата градина им се приклучила војвотката од Кембриџ, како и претставници на хуманитарните организации со кои таа соработуваше и ги поддржуваше.

Со Дијана загинаа и нејзиниот животен сопатник Доди ал-Фајед и возачот Анри Пол.

Несреќата ја преживеа телохранителот Тревор Ресе-Џонс, додека Дајана почина четири часа подоцна во болница.

Околу еден часот наутро, информацијата за несреќата преку амбасадорот стигнала и до палатата во Шкотска каде биле поранешниот сопруг на Дајана, принцот Чарлс и неговата мајка кралицата Елизабета Втора.

Погребот се одржа на 6 септември. Три милиони луѓе излегоа на улиците на Лондон, а преносот го следеа три милијарди луѓе.

„Свадбата на векот“ на која Лејди Дијана Спенсер и принцот Чарлс се заколнаа на вечна љубов, се одржа на 29 јули 1981 година.

Стапувањето во брак на 20-годишната Дијана и 32-годишниот член на кралското семејствоја следеа 750 милиони лица преку тв екраните, додека над 600.000 луѓе ги преплавија улиците во Лондон за да ја видат новата принцеза.

Во декември 1992 година официјално беше објавено дека принцезата Дијана и принцот Чарлс се разделуваат, што воопшто не беше шок за јавноста, бидејќи години наназад медиумите објавуваа детали за афери од двете страни кои го туркаа во бездна нивниот брак.

Принцот Чарлс јавно призна дека имал афера со поранешната љубов и сегашна сопруга Камила Паркер, но дека ја обновил романсата само откако неговиот брак со Дијана бил непоправливо разрушен.

Бура од реакции во Велика Британија предизвика појава на Лејди Дајана, 20 години по нејзината смрт. Во филмот со документарни записи таа прави скандалозни откритија за кралското семејство, сексуалниот живот со Чарлс и неговите изневерувања со Камила.

Филмот беше емитуван на британскиот Четврти канал и покрај многуте обиди на заинтересираните да биде запрен.

Исповедта на Дајана е пред нејзиниот педагог Питер Сетeлен направена во почетокот на 90-тите години на минатиот век.