Home Шоубизнис Гради „течат“ на сите страни: Секси деколтеа на доделувањето на MTV наградите

Гради „течат“ на сите страни: Секси деколтеа на доделувањето на MTV наградите

На доделувањето на MTV Video Music Awards кои се одржаа во неделата во Лос Анџелес, најважните награди ги освоија британскиот кантавтор Ед Ширан во категоријата „Музичар на годината“ и американскиот рапер Кендрик Ламар, чиј хит „Humble“ беше награден со наградите „Видео на годината“ и „Најдобра хип-хоп изведба“ (комплет листа на победниците ТУКА).

Но, шоуто на црвениот тепих го украдоа славните убавици со своите провокативни и жешки длабоки деколтеа. Хајди Клум вниманието го привлече облечена во елегантен и длабоко деколтиран фустан, исто како и Мел Б, која сепак, се одлучи за нешто „поплитко“ деколте.

Ники Минаж се стегна во розов комбинезон со нагласена половина и гради, а иста намера имаше и Амбер Роуз, која се појави во невозможно тесен црн фустан.

Пејачката Деми Ловато ги откри своите гради во црн фустан кој ги прекриваше само оние делови за минимум пристојност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…