Home Вебкафе Бордел набави втора секс кукла, откако првата стана попопуларна од вистинските жени

Бордел набави втора секс кукла, откако првата стана попопуларна од вистинските жени

Еден австриски бордел експресно одлучи да купи и втора секс кукла, откако првата која ја купија и ја ставија на листата на своите понуди, испадна попопуларна од вистинските жени.

Куклата Фани брзо стана најбараната атракција во борделот Kontakoff во Виена. Фани, чие користење муштериите го плаќаат 80 евра за час, често е резервирана и по неколку дена, па од борделот одлучија да купат уште една таква секс кукла.

Откако Фани, висока 155 сантиметри и тешка 38 килограми, толку многу се прослави и други бордели почнаа да вклучуваат услуги од секс кукли во своите понуди, пренесуваат австриските медиуми.

Питер Ласкарис, менаџер на два бордела во Виена, вели дека таквите кукли можат да чинат и до 7.000 евра, а дека очигледно станува за „модерен фетиш“.

Психологот Герти Сенгер објаснува зошто некои мажи преферираат да имаат секс со кукла како Фани, наместо со вистинска жена.

„Како прво, мажите можат да прават што сакаат со куклата, а како второ, таа не прави ништо сама од себе, за разлика од проститутките“, вели таа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…