Home Актуелно „Вратете ни ги тротоарите“: Денес дебармаалци протестираат за безбедно движење на пешаците

„Вратете ни ги тротоарите“: Денес дебармаалци протестираат за безбедно движење на пешаците

Иницијативата „Во одбрана на Дебар маало“ денес, 21 август, ќе одржи мирен протест поради сообраќајниот и градежен хаос во некогаш една од најубавите населби во Скопје.

„Окупираните тротоари, неконтролираното градење, нерешениот паркинг простор и лошиот режим за дотур на роба, го направија маалото небезбедно за живеење. Дојди на мирен протест, за безбедни улици и тротоари за пешаци, во Дебар Маало, за твоето маало, за целиот град!“, стои во најавата за протестот.

Зборно место е зградата на Министерство за култура, во 18 часот.

Протестот доаѓа по јавните барања на иницијативата за решавање на прблемите на жителите од овој дел на градот, пред се бучавата од локалните кафулиња, заробените тротоари од угостителските објекти, но и сообраќајниот хаос. Капак на се беше прегазувањето на жена минатата недела, од комбе кое вршело дотур на роба, пред основно училиште.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…