Home Актуелно Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска се одржува референдум на кој жителите на оваа општина треба да се изјаснат дали се за или против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и дали се за или против отворање рудници за металични минерални суровини на територијата на општината.

За референдумот да биде успешен треба да излезат најмалку 5.200 жители со право на глас.

На 3 јули годинава Советот на општина Валандово на вонредна седница го прифати барањето за референдум на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ и едногласно донесе Одлука за негово распишување.

Во информацијата до медиумите во тек на активностите за добивање поддршка за распишување на референдумот од инцијативата „Спас за Валандово“ наведоа дека отворањето рударски комплекс ќе биде погубно за иднината на општина Валандово.

Претходно, на референдум против изградба на нови рудници се изјаснија и жителите на Богданци, Дојран и на Гевгелија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…