Home Актуелно Денес температури до 39 степени, попладне дожд

Денес температури до 39 степени, попладне дожд

Во Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 23 степени, а дневната од 32 до 39 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Максималната температура ќе опадне на места и за повеќе од 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…