Home Вебкафе Во Норвешка најдено четири милениум старо пиле во совршено зачувана состојба

Во Норвешка најдено четири милениум старо пиле во совршено зачувана состојба

Во Норвешка е пронајден замрзнат и идеално зачуван дрозд стар 4.200 години. Птицата, чија старост е утврдена со јаглеродни тестови, е секцирана за да се утврди дали нејзините внатрешни органи успеале да го издржат тестот на времето.

Истражувачот на Норвешкиот унивиерзитет на наука и технологија од Трондхајм, Јорген Росволд соопшти дека дроздот го открил службеник на Норвешката агенција за контрола на природата на планината Опдал.

„Тоа е апсолутно фантастичо откритие. Никогаш до сега не сме ѕирнале во 4.000 години стар организам за да видиме како изгледа внатре“, изјави Росволд.

Истражувачите во почетокот верувале дека птицата не е постара од повеќе од неколку стотина години, за потоа да откријат дека на норвешкото небо оваа птица летала пред неколку милениуми. Тие веруваат и дека птицата ја уловил и убил лакомец или лисица.

Испитувањата откриле дека голем број органи на замрзнатата птица, како на пример срцето и црниот дроб се целосно недопрени, што би овозможило да се направи увид во условите за живот во Норвешка пред илјадници години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…