Home Актуелно Војската на САД потврди: Косоварот Лавдрим Мухаџери убиен во Сирија

Војската на САД потврди: Косоварот Лавдрим Мухаџери убиен во Сирија

Коалициските сили предводени од САД потврдија дека еден од командантите на Исламска држава, косовскиот Албанец Лавдрим Мухаџери, е убиен во Сирија.

„Муџахери е убиен на 7 јуни во воздушен напад во близина на Мајадин, во источниот дел на Сирија. Тој беше Албанец од Косово и самопрогласен лидер на странските борци на ИД од Косово“, изјави портпаролот на коалициските сили, полковник Рајан Дилон.

Тој нагласи дека Муџахери бил „најпознат и најрадикален албански борец“ во Сирија, одговорен за поттикување на џихадистичката идеологија во Европа и охрабрување на странските борци да дојдат на територија која е под контрола на ИД.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…