Home Актуелно Кривичен ги отфрлил прислушуваните разговори како докази во случајот „Триста“ од СЈО

Кривичен ги отфрлил прислушуваните разговори како докази во случајот „Триста“ од СЈО

Советот за оцена на обвинителен акт на Кривичниот суд донел одлука прислушуваните разговори за случајот „Триста“ да бидат издвоени и да не се користат како докази во понатамошната постапка, пренесува НОВА ТВ.

Одлуката за издвојување на доказите за НОВА ТВ ја потврдија и од Специјалното јавно обвинителство од каде најавуваат дека ќе поднесат жалба до Апелација.

Во издвојувањето на доказите судот се повикал на тоа дека овие разговори биле незаконски прибавени и дека уште пред повеќе од една година судот одлучи сите овие разговори да не бидат земени во предвид во доказната постапка.

Во случајот „Триста“ на СЈО, осомничен е помошник министер од МВР за извршена јавна набавка за 300 возила за Министерството. Осомничениот во периодот од 2008 до 2012 година извршил набавка на 300 возила притоа непочитувајќи ги законските прописи за јавна набавка, со што бил оштетен буџетот на државата за 453.570 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…