Home Актуелно Работник починал на работно место во Скопје додека работел на пеколна горештина

Работник починал на работно место во Скопје додека работел на пеколна горештина

На 29 јули околу 14,45 часот на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, при изведување градежни работи, односно при уредување дворна површина со рачен компресор, Р.М. (27) од с.Црешево, скопско, во еден момент паднал на земја.

Тој веднаш бил пренесен во поликлиника Чаир, а од таму со возило на итна медицинска помош бил препратен во болницата „Систина“, каде од страна на дежурниот лекар во 16.10 часот била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…