Home Актуелно Проценки на „Боинг“: Еве колку нови пилоти ќе му бидат потребни на светот до 2036 година

Проценки на „Боинг“: Еве колку нови пилоти ќе му бидат потребни на светот до 2036 година

Американската компанија „Боинг“ процени дека на светската авијација ќе ѝ бидат неопходни 637.000 нови пилоти во текот на следните 20 години за да може да се одговори на темпото на пораст на воздушниот сообраќај, се наведува во најновата студија.

Оваа проценка е 3,2 отсто повисока од минатогодишната.

На азиско-пацифичкиот регион ќе му бидат потребни 253.000 пилоти, на САД 117.000 и на Европа 106.000 пилоти во периодот од 2017 до 2036 година.

Многу експерти тврдат дека сите светски компании се загрижени за недостигот од пилоти.

Кога се во прашање техничари за одржување на авионите, се проценува дека ќе бидат потребни 648.000, што е 4,6 отсто помалку отколку во претходниот извештај. Причината за тоа е намалениот број на часови кои се потребни за одржување на авионите „Боинг 737 макс“.

Во истиот период ќе бидат потребни 839.000 сјуарди и стјуардеси.

„Боинг“ веќе осум години врши истражувања во авионската индустрија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…