Медитеранот во пламен, над 10.000 луѓе евакуирани во Франција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмалку 800 хектари шумска површина изгореа во масовен пожар во регионот Ривера долж брегот на Јужна Франција, а од овој популарен туристички регион евакуирани се над 10.000 луѓе.

Пожарот избил во вторникот околу 23 часот навечер. Силни ветришта помогнале да се рашири пожарот низ бујната вегетација.

Повредени се 8 пожарникари и 15 полицајци. Моментално 540 пожарникари се испратени на терен за да се справат со ситуацијата.

Популацијата на Ривера се зголемува два до три пати за време на летото поради големата посетеност на шумскиот регион од страна на кампери.

Се уште не е јасно дали ситуацијата е под контрола.

Со пожари од големи размери се соочува и Италија, посебно областа Остиа, во близина на Рим и во Наполи, потоа во Хрватска, во околината на Сплит и Задар, во Црна Гора кај Тиват, како и во Португалија.