Home Вебкафе Го искачи Монт Еверест откако му кажаа дека му остануваат уште неколку месеци живот

Го искачи Монт Еверест откако му кажаа дека му остануваат уште неколку месеци живот

Откако му беше дијагностициран рак, лекарите на Иан Тутхил му кажаа дека му остануваат само уште неколку месеци живот. Но, тоа не го спречи храбриот Иан да го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест.

Иан верува дека е прв заболен од рак кој се искачил на највисоката планина на светот. Големиот навивач на Шефилд Венсдеј, откако стапна на врвот, на Еверест го развеа знамето на Шефилд Јунајтед.

47-годишниот персонален тренер, кој на врвот се искачи во понеделникот, собра речиси 31.500 фунти за Macmillan Cancer Support, една од најголемите британски хуманитарни организации.

„Овде нема ништо што да се види, само некој навивач на Шефилд Венсдеј кој заболел од рак, а кој се наоѓа на врвот Еверест со знамето од Шефилд Јунајтед“, напиша Иан на Твитер.

Ракот на дебелото црево му е дијагностициран во јуни, 2015 година, а на почетокот до 2016 му рекоа дека ја победил болеста. Но, подоцна беше откриено дека канцерот се вратил, а лекарите му кажаа дека му остануваат само уште неколку месеци живот.

„Одлучен сум во тоа да покажам дека сè е можно“, изјави Иан за ВВС во февруари.

Да го развиори знамето на ривалите на Еверест Иан одлучил откако неговиот пријател за хуманитарната организација донирал 1.000 фунти. На патот го следеше Лесли Бинс, кој се откажа од искачување на врвот откако му го спаси животот на колега качувач. Првобитната цел на Иан беше да собере 29.100 фунти, но собра 31.500.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…