Home Живот и здравје 16 години долго истражување покажува дека недоволното спиење го скратува животот

16 години долго истражување покажува дека недоволното спиење го скратува животот

Американски лекари откриле дека постојаниот недостиг на сон ја зголемува веројатноста од смрт од мозочен удар кај лицата со дијабетес и болести на кардиоваскуларниот систем.

Резултатите од ова истражување можат да се најдат на сајтот на Американското здружение за срце.

На луѓето со наведените болести експертите им препорачуваат да спијат најмалку шест часа дневно. Во спротивно, истражувачите тврдат дека веројатноста за смрт од мозочен удар е двапати поголема отколку кај здравите лица, кои спијат повеќе од шест часа дневно.

До тие заклучоци лекарите дошле со следење на 1.344 одбрани мажи и жени, меѓу кои издвоиле и ризична група. Во неа влегле луѓе со висок индекс на телесната маса, зголемено ниво на холестерол и висок крвен притисок.

Истражувањето траело 16 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …