Home Актуелно Директорот на Неврохирургија на распит за земање мито за да издаде стручно мислење

Директорот на Неврохирургија на распит за земање мито за да издаде стручно мислење

Директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски утрото во полициска станица на информативен разговор бил однесен по пријава на татко на четиринаесетгодишно дете кое требало да замине на лекување во странство, пренесува Фокус повикувајќи се на лекарски извори од клиниката.

Според нашите информации, првиот човек на клиниката побарал од таткото мито од неколку илјади евра за да даде стручно мислење. Нашите извори од клиниката уште тврдат дека директорот по информативниот распит повторно бил вратен на клиниката, од каде што си заминал за кратко време.

Од Фокус уште во текот на денот добиле потврда од МВР за овој случај, но тие не сакаат да споделат повеќе информации. Се потрудивме да стапиме во контакт и со директорот Чапароски, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…