Home Актуелно Заев: Влада нема да има до понеделник

Заев: Влада нема да има до понеделник

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Зоран Заев пред почетокот на средбата со лидерот на БЕСА, Биљал Касами во македонското Собрание, на новинарско прашање кога може да се очекува составот на новата влада, изјави дека ниту до вечерва, ниту до утре до пред почетокот на конгресот на СДСМ тоа не може да се случи.

Рече дека тоа не зависи само од СДСМ, туку и од коалиционите партнери кои треба да ги усогласат ставовите и дека се надева дека идната недела ќе биде затворено прашањето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…