Home Актуелно 100 набљудувачи од ЕУ ќе ги следат изборите во Косово

100 набљудувачи од ЕУ ќе ги следат изборите во Косово

Европската Унија ќе испрати мисија од 100 набљудувачи за следење на предвремените парламентарни избори во Косово, што ќе се одржат 11 јуни, јави дописникот на МИА.

Испраќањето на мисијата е овзоможено откако косовската Централна изборна комисија едногласно го усвои Меморандумот за соработка со ЕУ за следење на изборите.

Од шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова, добив потврда дека ЕУ ќе испрати 100 набљудувачи на изборите. Најверојатно, тие во Косово ќе пристигнат во сабота, но прво требаше да го одобриме меморандум за разбирање со ЕУ, за да може мисијата да започне со следење на изборниот процес, изјави претседателката на Комисијата, Валдете Дака за електронското издание на приштинскиот весник Експрес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…