Home Актуелно Фајненс тинк: Секое новороденче кај нас се раѓа со борч од 2.274 евра

Фајненс тинк: Секое новороденче кај нас се раѓа со борч од 2.274 евра

Според економетриските проценки, моменталното ниво на јавниот долг од 47.8 насто е се уште во сферата на одржливоста. Постои простор за понатамошно задолжување на државата до ниво од околу 59.2 насто од БДП, под претпоставка на рационално и продуктивно искористување на позајмените средства, велат од Фајненс тинк.

Истражувањето на Фајненс тинк насловено како Дали Македонските државен и јавен долг се одржливи? го процени одржливото ниво на државниот и јавниот долг под различни макроекономски претпоставки.

Резултатите на студијата покажуваат дека долгот на државата речиси двојно се зголемил во последните 8 години. Секое дете се раѓа со 2.274 евра јавен долг.

Врз база на истражувања повеќе сценарија за среднорочни вредности на макроекономските варијабли кои влијаат врз динамиката на долгот, одржливите граници на Македонскиот државен долг се движат помеѓу 41 насто од БДП и 48,7 насто од БДП. Аналогно, земајќи ја предвид просечната разлика помеѓу државниот и јавниот долг границите на одржливост на македонскиот јавен долг се движат помеѓу 51 насто и 51,9 насто од БДП.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…