Home Шоубизнис Пресни ритми и рими од Боро Бро – „Тој чести“ искрен хип-хоп

Пресни ритми и рими од Боро Бро – „Тој чести“ искрен хип-хоп

Боро Бро, сериозен играч од Прилепскиот асфалт, за музикат, за рапувањето и римувањето вели:

„Ова е тоа што ме исполнува, што сакам да го работам, музиката е моето секојдневие и мојата енергија сакам тука да ја споделам. Започнав со пишување уште на помлади години, виновник е мојот живот, и со оваа песна сакам да се претставам во најдобро светло на сцена. Мотивација добивам од секојдневието, пишувам за она што го гледам, живеам и работам. Оваа песна ја напишав затоа што по природа сум таков, сакам да ги гледам луѓето среќни, весели и разиграни. Долго време го очекував овој момент, спремам и албум, здравје боже, брат, да биде сè како што треба, па и тој ќе си излезе како што треба. Отворен сум за соработка, сакам да пишувам, без разлика дали сум на копно или на вода, затоа што подолго време работев на брод и одлучив дека ова сакам да го работам. Исполнет сум со позитивна енергија и спремен сум таа иста енергија да ја споделам со сите луѓе. Очекувајте во иднина повеќе од мене, ова е само еден мал почеток. Ви благодарам, убави луѓе“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Што открија колегите на Софија Буш за нејзиното ненадејно заминување од „Чикаго П.Д.“

Поранешните колеги на Софија Буш од „Чикаго П.Д.“ ретко зборуваа за нејзиното неочекувано …