Home Актуелно 72 години антифашизам: 9 мај, ден на победата над фашизмот

72 години антифашизам: 9 мај, ден на победата над фашизмот

Победата над фашизмот се одбележува и прославува во голем број држави низ светот. Македонија го одбележа денот со дефиле на единиците на АРМ во касарната Илинден, панел дискусија и свечена академија во МНТ.

Централната манифестација во светот по повод победата над фашизмот ќе се одвива во Москва каде на Црвениот плоштад ќе прошетаат припадници на руската армија и ветерани од Втората светска војна.

Втората светска војна, најкрвавата војна на човештвото, избувна откако Нацистичка Германија изврши инвазија врз Полска на 1 септември, 1939 година.

На 22 јуни 1941 година, Германија го нападна Советскиот Сојуз. Војната заврши на 9 мај, 1945 година. Безусловна капитулација на Третиот Рајх била потпишана во разрушениот Берлин, неколку минути по полноќ.

Капитулацијата била потпишана од фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…