Home Шоубизнис Импресивни резултати на танчерите од Break A Leg во Сараево

Импресивни резултати на танчерите од Break A Leg во Сараево

Танчарите од студио Break A Leg постигнаа  извонреден резултат на меѓународниот танцов натпревар InterDanceFEST во Сараево (21.04.2017-24.04.2017).  Во конкуренција на над 2500 танчери од 12 земји , танчерите ги постигнаа следните резултати.

Еден-два победа во категоријата хипхоп формации јуниори, а овој неверојатен резултат го повторија  и во категоријата ХипХоп групи , во конкуренција на 12 екипи. Со овој успех јуниорската репрезентација ја оправдаа титулата Светски Вицешампиони во Хипхоп во 2016та година.

-1во место во Јуниори соло на Исидора Андреевска од вкупно 112 натпреварувачи , додека Мила Неделкова успеа да избори пласман во големото финале.

-1во место за Мила Србиноска од 35 танчери во детска категорија, а Ума Муминовиќ заврши на високото 5то место.

-1во место дуо за Ивана Стојановска и Ана Стевковска од вкупно 21 дуо.

-2ро место од вкупно 20 во конкуренција сениори за Стефани Арџелиева.

Од останатите резултати 1во место формација деца 1 , 2ро место група деца 2 , 1во место за Бенџамин Џафери и 3то за Филип Пашоски во категоријата хипхоп соло машки  и уште многу високопласирани наши танчери во останатите категории.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Двејн Џонсон го тресна Пет Мекафи врз маса по критиките за тимот на Мајами

Двејн Џонсон изведе еден од своите препознатливи кечерски зафати врз Пет Мекафи за време н…