Home Актуелно Опозицијата од Турција ќе се жали на Европскиот суд за човекови права за гласачките ливчиња без печат

Опозицијата од Турција ќе се жали на Европскиот суд за човекови права за гласачките ливчиња без печат

Главната турска опозициска Републиканска народна партија ќе поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права, со цел да се оспори одлуката на изборната комисија за прифаќање на гласачки ливчиња без официјален печат за време на референдумот за проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Сакам уште еднаш да нагласам дека резултатот од референдумот ќе биде изнесен пред Европскиот суд за човекови права, истакна портпаролката на апртијата, Селин Сајек Боке на пресконференција во Анкара.

Државниот совет на Турција вчера го одби сослушувањето на претставници на Републиканската народна партија во врска со референдумот, нагласувајќи дека не е надлежен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…