Home Актуелно Скандал во Англија: Полицијата упадна во најголемите клубови, има и уапсени!

Скандал во Англија: Полицијата упадна во најголемите клубови, има и уапсени!

Повеќе од 180 полицајци на финансиската полиција рано утрово започнаа голема операција која има за цел собирање на докумантацијата на неколку големи фудбалски клубови во Англија.

Според првите извештаи упасени се неколку луѓе, одземена е документацијата на поедини клубови од Премиер лигата и Чемпионшип. Документите кои ги заплени полицијата содржат податоци за плаќање на данок, финансиски трансакции, а одземени се и мобилни телефони и компјутери.

Меѓу клубовите кои се најдоа на удар на финансиската полиција се наоѓаат Вест Хем и новиот премиерлигаш Њукасл.

Во извештаите се наведува дека станува збор за голема акција и дека се претресени голем број на фудбалски клубови, а акцијата излегува и надвор од оквирите на Англија, па уапсени се и неколку луца на територијата на Франција.

Сите клубови во чии канцелации утрово упадна финансиската полиција се под сомнение дека прикриваат данок, пренесува BBC.

Се очекува полицијата во следните часови да отркие нови детали во врска со операцијата која е во тек, како и имињата на сите клубови кои се под сомнение.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…