Home Вебкафе „Синиот воз“ станува туристичка атракција: Туристи ќе можат да го посетуваат возот од Тито

„Синиот воз“ станува туристичка атракција: Туристи ќе можат да го посетуваат возот од Тито

Железници на Федерација на БиХ ќе дадат на користење дел од Синиот воз на Тито на националниот парк Уна за унапредуавње на туристичката понуда на најмладиот парк на природата во тој дел од Европа.

Железници ветија дека на Националниот парк Уна ќе му дадат дел од Титовиот Син воз што се наоѓа во Рајловац, а кој сега е вон функција. Станува збор за најлуксузниот дел од возот – ресторан-вагонот што ќе биде поставен на железничката станица во Бихаќ.

Тој дел од Синиот воз ќе биде на располагање на туристички агенции за атрактивна панорамско возење низ Смарагдната долина. Возот како што е планирано ќе сообраќа на релација Бихаќ-Мартин Брод, низ срцето на Националниот парк Уна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…