Home Актуелно Села-духови: Во Бугарија има 157 „населени“ места без ниту еден жител

Села-духови: Во Бугарија има 157 „населени“ места без ниту еден жител

Во Бугарија постојат 157 места кои се водат како населени места, а во кои не е регистриран ниту еден жител. Истовремено, во 1.148 места живеат од 1 до 49 жители, велат податоците од бугарскиот Национален статистички институт.

Најмногу такви места има во областите Габрово, Големо Трново и Крџали. Во градовите во Бугарија живеат 5,2 милиони жители или 73,3 насто од вкупното население, а во селата 1,9 милиони жители, или 26,7 насто од вкупното население.

Според статистичките показатели, во Бугарија на крајот од 2016 година се регистрирани 5.256 населени места – 257 града и 4.999 села. Скоро половина од вкупната популација на Бугарија живее во југозападниот и југо-централниот регион, а најмалку на северозапад.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Родени сте во септември? Овие особини можеби ве откриваат повеќе отколку што мислите

Септември како да има своја посебна енергија, а луѓето родени во овој месец често се смета…